Што работиме ние
Consumer Affairs Victoria (Викториската служба за потрошувачки прашања) е државен орган што ги регулира потрошувачките прашања. Нашата цел е да им помогнеме на жителите на Викторија да бидат одговорни и информирани трговци и потрошувачи.
За да го постигнеме тоа, ние:
- редовно ги прегледуваме законите за потрошувачите и стопанските правилници и ја советуваме државната влада
- ги советуваме и подучуваме потрошувачите, потстанарите, трговците и сопствениците на имоти за изнајмување во врска со нивните права, обврски и промените во законите
- ги регистрираме бизнисите и професиите и издаваме работни дозволи
- посредуваме во решавањето на спорови меѓу потрошувачите и трговците, и потстанарите и сопствениците на имоти за изнајмување
- ги спроведуваме законите за потрошувачите и се грижиме за нивното почитување.
Даваме бесплатни и независни информации и совети за:
- градење и реновирање
- издавање работни дозволи и прописи за работење
- имиња на бизниси
- купување и продавање на имот
- кооперативи
- прибирање доброволни финансиски средства
- регистрирани здруженија
- ограничени партнерства
- отплата на долгови
- моторни возила
- здруженија на сопственици
- безбедност на производи
- изнајмување
- пензионерски населби
- измами
- пазарување и тргување.
Јавете ни се
Преведувачка служба
Јавете се на 131 450 и кажете го на англиски името на вашиот јазик. Потоа замолете го преведувачот да се јави на 1300 55 81 81.
9:00 am to 5:00 pm, Monday to Friday (except for public holidays)
Повеќе информации